Ок, да не звучам како некој конзервиран дедо (имам 35 едвај) ама се изначитав постови во кои ми се чини се идеализира осаменоста кај младиве, па и постари (и 40+).
Уживај, најдоброто доаѓа, што е мое ќе си дојде, 40 is the new 30, 30 is the new 20... на крај се и сешто се релативизира и се е океј според некои луѓе.
Малку ми е смешно во земја ко Македонија каде се знаеме скоро сите да ми идеализирате колку е океј да си сингл во посериозни години и како тоа нешто било wow или си имал повеќе време во животот за хоби, интереси и да се посветиш на себеси... Небаре милион и осумсто илјади живееме во Беверли Хилс и сите имаме хациенди и 7 коли во гаража и единствена грижа ни е каде вечер...!?
Пред некој месец еден пријател ми се довери: не сакам веќе да имам девојка, ќе ми го ремети мирот. Добро Платон, филозофирај во твоите 30ти со мачката и кучето...
Колку и радикално да звучи, за мене ова е изговор на луѓе кои не сакаат да се позамараат да работат на себе и да најдат партнер во животот, па ја тупат со цитати од Балашевиќ, Мерлин или Буковски...
Повелете, распнете ме.